Убиство од негрижа: Уапсен хокеарот кој со лизгалка му го пресече вратот на противникот

Пред помалку од 20 дена се случи голема спортска трагедија. Хокеј мечот меѓу Нотингам пантерс и Шефилд стилерс во Англија никогаш не го дочека крајот откако во втората третина, по еден дуел, хокеарот Адам Џонсон беше смртно повреден.

По еден дуел, Џонсон беше удрен со лизгалката на противникот. Лизгалката го пресече несреќниот Џонсон директно на вратот, а на мразот веднаш бликна големо количество крв.

Повредениот хокеар стана и тргна кон својата клупа да побара помош. Целата оваа хорор-ситуација се случуваше пред околу 8.000 гледачи кои беа на трибините, а мечот директно се пренесуваше и на телевизиските екрани.

Иако веднаш му беше дадена помош и брзо беше пренесен во болница, 29-годишниот Џонсон, за жал, не преживеа. Немилиот инцидент со смртоносни последици може да го видите ТУКА. 

Полицијата покрена истрага за овој немил настан и одлуката е да се уапси хокеарот Мет Петгрејв, кој е во притвор под обвининие за убиство од негрижа. За овој хокеар се вели дека е еден од најгрубите и уште веднаш по немилиот настан се најави дека може да биде покренета истрага.

„Веднаш по инцидентот покренавме истрага за трагедијата и сега спроведуваме темелна истрага за да видиме кои се случувањата што доведоа до губење на Адам во овие неверојатни околности“, вели главниот детектив, Бекс Хорсфил.

 

- Оглас -

Најнови вести