Хорор на мразот: Хокеар почина откако со лизгалка му беше пресечен вратот (Вознемирувачко видео)

Хокеарот Адам Џонсон трагично го загуби животот додека беше на мразот, играјќи за неговиот тим Нотингам пантерс.

За време на играта, еден од противничките играчи од екипата на Шефилд стилерс ненамерно со лизгалката го закачил Џонсон за вратот и му го пресекол.

Повредениот хокеар веднаш дошол до клупата држејќи се за вратот, барајќи помош. Гледачите на трибините биле ужаснати од глетката. Лекарите брзо реагирале, Џонсон бил пренесен во болница, но, за жал, лекарите не успеале да го спасат.

Џонсон, кој имаше 29 години, е поранешен хокеар на Питсбург во НХЛ, забележал 13 настапи за еден од најголемите клубови во лигата.

- Оглас -

Најнови вести