9.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

Удар за Јувентус: Повредата на Влаховиќ е сериозна, ќе паузира најмалку два месеци

Договорот на Душан Влаховиќ со Јувентус истекува налето и српскиот интернационалец ќе биде слободен агент, но Старата дама сега има многу поголем проблем. Влаховиќ оваа сезона постигна шест гола, но на мечот против Каљари се повреди и мораше да биде заменет уште во првото полувреме.

Дополнителните прегледи покажаа дека повредата не е наивна, па Србинот ќе паузира два до три месеца, а тоа значи дека ќе се врати на фудбалските терени дури напролет.

Јувентус во моментов е седми на табелата во Серија А, па повредата на Влаховиќ е голем удар за екипата, без разлика што неговиот договор истекува и нема најава за продолжување.

Повредата е голем проблем и за самиот фудбалер бидејќи сега ќе биде спречен да бара нов клуб уште зимава, а и доколку го најде, нема да може веднаш да игра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести