14.8 C
Skopje
петок, 10 октомври 2025

Удине прогласи четврти степен на готовност, но стадионот ќе биде речиси празен

Во вторник во Удине ќе се сретнат репрезентациите на Италија и Израел, а овој италијански регион прогласи четврти, највисок, степен на борбена готовност. Илјадници полицајци ќе бидат ангажирани за обезбедување на градот, а истакнати се и посебни правила за однесување на локалните жители на денот на натпреварот.

Израел ќе биде обезбедуван од специјални агенти на Мосад, иако Италијанците негираат дека дале дозвола за такво нешто. Хотелот во кој ќе бидат сместени се држи во строга тајност, а гостите нема да го користат најблискиот аеродром, туку се шпекулира дека ќе слетаат во Венеција или дури можеби во Словенија.

И додека властите се подготвуваат за пристигнувањето на Израел, стадионот во вторник ќе биде речиси празен. До денес се продадени околу 5.000 влезници, а стадионот има капацитет за 25.000 гледачи.

Ова е поради повиците за бојкот на натпреварот од италијански организации кои ја поддржуваат Палестина и се противат на воената интервенција на Израел.

- Оглас -

Најнови вести