Илија Несторовски пак не доби шанса да игра за Удинезе, тим што забележа драматична победа од 2:0 против Торино со голови во судиското продолжение.
Резервата Нахуел Молина постигна водечки гол за Зебрите во 93. минута со убав гол од слободен удар, а потоа уште еден играч од клупата, Игнасио Пусето погоди од пенал во 97. минута за освојување на трите бода во меч од 24. коло во Серија А.
Гостите беа фаворити, но одиграа слаб меч, а покрај поразот останаа и без Мандрагора, кој беше исклучен во 92. минута.
Удинезе се проби на 14. место со 27 бода и има 9 бода залиха во однос на Венеција, 13 пред Џенова и 17 во однос на Салернитана, кои се најзагрозени екипи во битката за опстанок.
Торино е десетти на табелата со 32 бода.