Удинезе ги наполни со пари тие кои редовно го играат на „икс“

Ремито од 1-1 на Удинезе со Каљари, само потврди дека екипата на Удинезе како да е специјализирана за нерешени исходи сезонава.

Удинезе има дури 14 ремија на 25 меча сезонава во Серија А. Ниту еден друг тим во Топ 5 лигите сезонава нема повеќе од 11 нерешени игри.

Ова често играње нерешено не му носи голема полза на Удинезе, бидејќи тимот има само три победи (и тоа против екипи кои се во топ 5 местата на табелата), па се наоѓа во долниот дел на табелата, со само три бода повеќе од зоната на испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести