Фудбалерите на Удинезе како домаќини ја совладаа Фиорентина со убедливи 3-0 во последниот натпревар од 27-то коло во Серија А.
Тимот од Удине на тој начин стави крај на серијата од три последовни порази, а воедно ја прекина и низата на Фиорентина од три меча без пораз.
Домаќините поведоа уште во десеттата минута кога Кристијан Кабаселе погоди со глава по асистенцијата на Николо Заниоло од корнер за 1-0.
Овој резултат остана актуелен сè до 64-та минута, кога Кинан Дејвис од пенал го совлада Давид де Хеа за 2-0. На претходната ситуација ѝ претходеше меѓусебно влечење во казнениот простор, а судијата по прегледувањето на снимката процени дека има елементи за најстрога казна.
Во судиското продолжение, Удинезе стигна и до трет погодок, а стрелец беше Адам Букса.

