Удинезе со акција „а-ла Македонија“ ја победи Монца (Видео)

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски, на гостувањето на Удинезе кај Монца, влезе во игра во 68-ма минута при резултат 1-1, а само десет минути подоцна беше асистент за голот за победа од 2-1.

Стрелец беше левиот бек Удоги кој е еден од најдобрите млади стрелци во Топ 5 лигите ако се сметаат минатата и оваа сезона.

Акцијата на фриулијаните беше слична на онаа на македонската репрезентација на гостувањето кај Грузија, кога обезбедивме пласман на ЕВРО 2020. И тогаш и сега, Нестор го имаше клучното додавање.

Погледнете како Удинезе дојде до првата победа сезонава:

- Оглас -

Најнови вести