Удри пет – Шампионот на Италија по старите навики (видео)

Милан им се врати на старите навики во претсезонскиот период и со убедливи 5-0 го декласира Волфсбергер. Росонерите досега бележеа по еден триумф и пораз во контролките, но вечерва тимот на Пиоли лесно ги надигра австриските противници.

Wolfsberger 0-[1] Milan – Leao goal 38′ from soccer

Пред истекот на првото полувреме, Леао и Ребиќ брзопотезно во две минути го разбудија италијанскиот првак.

Трендот на голови во второт дел го продолжија Месијас и Адли, погодија во 57-мата и 60-тата минута од натпреварот, додека Габија го постави конечниот резултат.

Wolfsberger 0- [4] Milan – Adli 60′ from soccer

На Росонерите им преостанува уште еден пријателски дуел, против Олимпик Марсеј на 31 јули, по што две недели подоцна почнуваат со одбрана на Скудетото, против Удинезе и Илија Несторовски на „Сан Сиро“.

- Оглас -

Најнови вести