Европската фудбалска федерација (УЕФА), односно нејзиниот сектор за финансиска контрола на клубовите одлучи дека англискиот претседател Манчестер сити и шпанската Жирона може да настапуваат заедно во Лигата на шампиони. Сити и Жирона се клубови кои имаат ист газда, односно групација која поседува поголем дел од акциите на двата клуба.
Жирона имаше фантастична сезона во шпанското првенство и заврши на третата позиција, што им овозможи настап во ЛШ за прв пат во клупската историја.
Освен Сити и Жирона, „зелено светло“ за настап во исто натпреварување добија и Манчестер јунајтед и Ница кои имаат исти сопственик на голем дел од клупските акции. Англискиот гигант и францускиот тим во новата сезона ќе играат во Лигата на Европа.