УЕФА формира “фудбалски парламент“, членови се најголемите фудбалски имиња во Европа

УЕФА на последниот конгрес во Лисабон донесе одлука да формира советодавно тело наречено “совет на мудреци“ или “фудбалски парламент“. Ова тело ќе има задача независно да коментира за сите случувања во фудбалот, но и за правилата на фудбалската игра. Една од првите работи кои ќе се дискутираат е играњето со рака во казнетиот простор, нешто што предизвика лавина од реакции после спорната ситуација на натпреварот ПСЖ – Лион.

Со новото советодавно тело преда да претседава хрватската легенда Звонимир Бобан, а во нејзиниот состав ќе бидат фудбалери и тренери од различни генерации.

Веќе е објавен и составот на “мудреците“ кои ќе заседаваат на првиот состанок. Тука се: Звонимир Бобан, Жозе Мурињо, Карло Анчелоти, Зинедин Зидан, Паоло Малдини, Фабио Капело, Хавиер Занети, Луис Фиго, Филип Лам, Роналд Куман, Герет Саутгејт, Рио Фердинанд, Михаел Лаудруп, Рафа Бенитез, Роберто Мартинез, Предраг Мијатовиќ, Јирген Клинсман, Руди Фелер, Петр Чех, Хуан Мата и Роби Кин.

- Оглас -

Најнови вести