УЕФА ги одложи мечевите Сити – Реал и Јуве – Лион!

Натпреварите Манчестер сити – Реал Мадрид и Јувентус – Лион нема да се играат во термините во кои беа закажани, а тоа беше во вторник 17 март. Ова е очекувана одлука на УЕФА, која сега треба да реши што ќе прави со двете средби закажани за среда 18 март, а во кои Барселона е домаќин на Наполи и Баерн го пречекува Челзи. Мечот во Барселона речиси сигурно ќе се одложи бидејќи забранети се летови од Италија кон Шпанија.

По случајот со кошаркарот на Реал Мадрид, Треј Томпкинс, кој има Коронавирус, а го користел истиот базен како и фудбалерите на Реал, УЕФА се одлучи да го одложи мечот. Што се однесува до Јувентус – Лион, тој меч требаше да се игра во Торино без публика, но и тоа е ризик бидејќи играч на Јуве (Ругани) има Коронавирус и не се знае како ќе се развива ситуацијата.

 

- Оглас -

Најнови вести