Европската куќа на фудбалот ги освежи своите 55 членки со вкупно 236,5 милиони евра, кои им легнаа на сметките на фудбалските федерации.
УЕФА ги реализираше најавите за помош на фудбалските асоцијации полесно да ја прегрмат кризата со корона-вирусот преку хет-трик програмата.
Дел од овие пари доби и Македонската фудбалска федерација, а и претходно на почетокот на април во ФФМ пристигнаа и пари, околу половина милион долари од ФИФА, преку програмата „ФИФА форвард“.
Во Европа во моментов се игра само едно првенство, белоруското и сите останати 54 членки на УЕФА ги замрзнаа домашните шампионати поради пандемијата со корона-вирусот.