18.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

УЕФА го избриша Билбао од листата со домаќини на ЕП

УЕФА го избриша Билбао од листата со градови домаќини на Европското првенство што ќе се игра од 11 јуни до 11 јули. Европската куќа на фудбалот ги информираше градските власти на Билбао дека нема да бидат дел од 12-те градови домаќини, а причина е што не можат да понудат гаранции дека на „Сан Мамеш“ може да има публика.

УЕФА инсистира барем делумно да биде пополнет капацитетот на сите стадиони што ќе го организираат ЕП од 11 јуни до 11 јули, нешто што не можеше да го исполни Билбао.

Во баскискиот град се плашат од пандемијата со ковид-19 и сметаат дека е ризично да има публика на „Сан Мамеш“, каде што Шпанија требаше да ги игра дуелите од фазата по групи против Полска, Шведска и Словачка.

Градските власти на Билбао најавија тужба против УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести