УЕФА го премести натпреварот помеѓу Бешикташ и Макаби од Истанбул во Дебрецин

Натпреварот од петтото коло на Лигата на Европа, помеѓу Бешикташ и Макаби Тел-Авив, кој на програмата е на 28-ми ноември, нема да се игра во Истанбул, одлучи УЕФА. Причината се зачестените изјави на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, но и се помасовните антиизраелски протести низ цела Турција.

Бешикташ ќе биде домаќин во унгарскиот град Дебрецин, а иако првично беше договорено дека натпреварот ќе се игра со публика, сепак властите во овој град одлучија да забранат присуство на гледачи поради големите инциденти на претходните гостувања на израелските екипи низ Европа.

По четири кола, Бешикташ е 18-ти со шест бода, додека Макаби е на претпоследната, 35-та позиција без поени.

- Оглас -

Најнови вести