Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, го претстави Скилзи, маскотата за Европското првенство кое се игра следната година.
На претставувањето на маскотата на стадионот во Амстердам, каде што пред 55.000 луѓе играа Холандија и Германија, присуствуваа и познатите фудбалски фристајлери, Лив Куки и Тобијас Бекс.
ЕП 2020 ќе се игра дури во 12 градови низ целиот континент, во периодот од 12 јуни до 12 јули наредната година. Полуфиналето и финалето ќе се играат на „Вембли“ во Лондон.
Маскотите се редовен декор на европските првенства од 1980 година наваму. Прва маскота беше Пинокио на ЕП во Италија пред 39 години, а следната година е јубилеј, 60 години од првото ЕП.