УЕФА одлучи да ја откаже актуелната сезона во младинското натпреварување во Лигата на шампионите поради пандемијата со корона-вирусот.
Здравјето на младите фудбалери е главен приоритет на Европската фудбалска федерација, па затоа ова одлука да се поништи сезоната беше логична. Корона-вирусот повторно зеде замав на Стартиот Континент, по што повеќе земји воведоа нови рестрикции и забрани за патуваања.
Поради мерките, стана невозможно да се организираат натпреварите и патувањата, па затоа во сезоната 2020/21 нема да има европски младински шампион.
Ова е лоша вест за македонскиот претставник, тимот до 19 години на Шкендија, кој требаше да се сретне со Габала од Азербејџан во првата рунда од нокаут-фазата.