УЕФА му одреди смешна казна на ПСВ за нападот врз голманот на Севилја

За пропуст и дозволување влегување на терен на хулиган кој го удри гостинскиот голман од Севилја, Марко Дмитровиќ, ПСВ Ајндховен од УЕФА доби казна само од 20.000 евра и делумно затворање на едната трибина.

УЕФА беше претерано мека кон Холанѓаните, па може да се каже дека ПСВ одреди многу пожестока казна за својот фан (забрана да се појави на нивните мечеви во следните 40 години) отколку што тие се санкционирани од Европската куќа на фудбалот.

Дмитровиќ доби бокс в лице, имаше крв на лицето, а потоа го совлада напаѓачот, но за УЕФА доволна е оваа блага казна за напад врз гостински голман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести