УЕФА наместила Реал да игра со Ајакс во нокаут-фазата?

Европската фудбалска федерација (УЕФА) и актуелниот континентален владетел Реал Мадрид се цел на сериозни обвиненија од еден аргентински новинар. Хорхе Рамос тврди дека на ждрепката на УЕФА за осминафиналето од Лигата на шампиони било наместено Реал Мадрид за противник да го добие Ајакс. Со години има сомнеж дека на многу ждрепки постои местење со таканаречени „топли“ и „ладни“ топчиња, а Рамос тврди дека тоа се случило на последното одредување на двојките на ЛШ.

Рамос покажува видео кое било снимено неколку дена пред ждрепката, а тој тврди дека Реал Мадрид сигурно ќе го добие Ајакс за противник во осминафиналето од Лигата на шампионите. Новинарот тврди дека претседателот на Реал, Флорентино Перес, има големи врски и влијание во УЕФА и затоа Кралскиот клуб добива привилегиран третман.

Сепак, ако се гледа начинот на кој Реал стигна до последната титула, тврдењето на новинарот не е многу исправно. Реал лани во нокаут-фазата успеа да ги елиминира ПСЖ (првак на Франција), Јувентус (првак на Италија) и Баерн Минхен (првак на Германија). Во финалето, Реал беше подобар со 3-1 против Ливерпул.

Рамос останува на својата теорија и мислењето дека Реал наместил да игра со Ајакс во осминафиналето, а Кралскиот клуб за тоа време да се подготвува за финалето од Светското клупско првенство, на кое очекува да донесе уште еден значаен трофеј во витрините на „Сантијаго Бернабеу“.

https://twitter.com/twitter/statuses/1074791661413326848

 

 

- Оглас -

Најнови вести