Капа доле: Судијата што побара автограм од Халанд откри која му била целта

Романскиот судија Октавијан Сорве се најде во фокусот на вниманието по дуелот меѓу Манчестер сити и Борусија Дортмунд, откако во тунелот на пат кон соблекувалната, реши да го застане Ерлинг Халанд и да му побара автограм.

Првата ѕвезда на Борусија Дортмунд, без никаков проблем се потпиша на двата картони кои ги имаше судијата, а сето тоа беше забележано и на видео снимка. Веднаш потоа, многумина го осудија потегот на судијата да бара автограм од фудбалер, затоа што и самиот тој е официјално лице на мечот.

https://youtu.be/jYnj1dhhhsA

Сепак, многу брзо стигна објаснување зошто бил побаран автограм од Халанд. Од романската фудбалска федерација објаснија дека судијата Совре побарал автограм од Халанд за да може потоа да го продаде на аукција, а собраните пари да ги донира за помош на деца со аутизам.

Совре веќе подолго време соработува со центарот кој помага на деца со посебни потреби и сега решил да направи аукција за да ги продаде потписите на Халанд, а парите да завршат во хумана цел.

- Оглас -

Најнови вести