11.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

УЕФА отвори истрага против Јувентус за кршење на финансискиот ферплеј

Фудбалскиот гигант Јувентус потврди дека УЕФА отвори постапка против клубот за можни прекршувања на правилата за финансиски ферплеј, а исходот би можело да има значајни последици за идните трансфери.

Казната би можела да вклучува забрана или ограничување на доведување нови играчи во сезоната 2026/27, објавуваат италијанските медиуми. Клубот во соопштението за финансискиот извештај за годината завршена на 30 јуни 2025 призна дека трошоците за играчи ја надминале дозволената рамка.

На 18 септември Јувентус доби официјална потврда од УЕФА за постапката, која се однесува на можни прекршувања во периодите 2022-2023 и 2024-2025 година.

Одлуката се очекува пролетта 2026, а покрај евентуална финансиска казна, која најверојатно нема да биде висока, поголем предизвик за клубот би можело да биде ограничувањето на трансферите за европските натпревари.

Клубот истакнува дека нема други сериозни прекршувања на правилата за финансиски ферплеј. Во 2024 година Јувентус ја одржуваше рамката на трошоци за играчи на 80%, а се очекува во 2025 да ја намали на 70%, согласно стандардите на УЕФА.

Во сезоната 2024/25, Јувентус беше исфрлен од Лигата на конференции, што му овозможи да ги надмине претходните финансиски неправилности за кои веќе беше казнуван во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести