УЕФА планира да го премести финалето на ЕП од Лондон!?

Челниците на Европската фудбалска федерација размислуваат финалето на Европското првенство да не биде во Лондон, како што првично е планирано, открива ренимираниот англиски весник „Тајмс“. Според пишувањата, натпреварот за тоа кој ќе биде континентален владетел, може да биде преместен во унгарскиот главен град Будимпешта.

Причина за ваквата опција се строгите мери кои ги има во Англија поради Коронавирусот, па околу 2.500 ВИП гости кои треба да бидат на трибините на „Вембли“, прво ќе мора да бидат во 10-дневен карантин. Британската влада пред неколку дена ги продолжи истите мерки за уште еден месец, што значи дека тие ќе трајат и за време на финалето на ЕП.

Во исто време, „Пушкаш Арената“ во Будимпешта беше првиот стадион кој дозволи да се одигра меч од ЕП со полн капацитет. Играа Унгарија и Португалија, а атмосферата беше фантастична.

Ако финалето остане во Англија, „Вембли“ ќе биде исполнет со 50 отсто од капацитетот.

 

- Оглас -

Најнови вести