УЕФА подготвува „згаснување“ на Лигата на шампионите: Ќе има нови три дивизии, гигантите нема да може да испаднат

Европската фудбалска куќа (УЕФА) наводно започнала да подготвува нова револуција во европските натпреварувања, што може да направи тектонски промени. Новите формати би биле сосема поинакви од досегашните натпреварувања, а најбогатите клубови би биле буквално заштитени.

Оваа идеја во најава доаѓа само две години по неуспешниот обид за формирање на Суперлига, која ја пропагираа Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Интер, Милан, Манчестер… Сега УЕФА сака да ги евулуира натпреварувањата, па според угледниот весник „Ел Паис“, можни се големи промени.

УЕФА во соработка со Европската асоцијација на клубови (ЕКА) планира да формира сопствена Суперлига. Идејата е да има три дивизии од по 18 екипи. Во една така ситуација, сегашната Лига на шампиони ќе згасне во актуелниот формат. Би постоеле Суперлига, Лига на Европа и Лига Аспиранте.

Од втората во третата лига ќе испаѓаат четири екипи, а од трета во втора лига ќе се пласираат најдобрите четири екипи. Сепак, нема да биде исто кога се работи за елитната дивизија. Од Супер лига во Лига на Европа ќе испаѓаат само најслабите две екипи, со што најможните клубови сакаат да се заштитат дека никогаш нема да бидат во ситуација да испаднат.

Постои опција и да не се гледаат резултатите од пласманот само од една сезона, туку да се соберат резултатите од последните три или пет сезони. Тоа би значело дека една очајна сезона нема да значи и испаѓање.

Ако се започне оваа Супер лига со 18 клубови, тоа значи дека учесниците би играле 34 кола, што би било катастрофално за сегашниот календар и поклопување на термини со натпревари од домашните првенства, но, секако, би имало проблем и со мечевите во куп-натпреварувањата, но и репрезенаттивните дуели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести