УЕФА потврди дека нема промена, финалето на Лига Европа ќе се игра во Билбао

Раководството на УЕФА е категорично дека потенцијалното финале на Лигата на Европа помеѓу англиските клубови Манчестер јунајтед и Тотенхем ќе се игра на стадионот „Сан Мамес“ во Билбао.

Двата тима од Премиер лигата се фаворити за пласман во финалниот натпревар откако Јунајтед победи со 3-0 на гости против Атлетик Билбао, додека Тотенхем победи со 3-1 дома против норвешкиот тим Бодо/Глимт.

Веднаш по овие први натпревари кога се насети дека е можно англиско финале, се роди идејата за преместување на финалето некаде во Англија на поголем стадион. Сепак, УЕФА брзо ги негираше овие гласини и потврди дека финалето на 21-ви мај ќе остане на „Сан Мамес“ без оглед на тоа кои ќе бидат финалистите.

Победникот од тоа финале ќе добие право да игра во групите од Лигата на шампионите во новата сезона. Двајцата финалисти ќе добијат по 15.000 билети, додека 11.000 ќе бидат пуштени во слободна продажба. Капацитетот на стадионот „Сан Мамес“ е нешто помалку од 60.000 луѓе.

- Оглас -

Најнови вести