УЕФА прави редизајн на Лигата на шампионите, ќе се играат 100 натпревари повеќе

УЕФА нема да отстапи од идејата да ги премисли големите европски клубови да не ја формираат најавената Суперлига на Европа во која би играле само гигантите и најави редизајн на Лигата на шампионите.

Од 2024 година луксузното европско клупско натпреварување ќе се игра во сосема нов формат со 36 клуба, наместо досегашните 32 и со 100 натпревари повеќе.

УЕФА им ветува на сите клубови дека ќе играат најмалку 10 натпревари наместо досегашниот минимум од шест меча во првата фаза.

Така би имало вкупно 225 натпревари во еден циклус, наместо досегашните 125, што е шанса за подобра заработувачка. Лигата на шампионите би се играла како класична лига и првопласираните 8 екипи би се пласирале директно во нокаут-фазата, а останатите пласирани од деветтото до 24-тото место би разигрувале за уште 8 места кои водат во осминафиналето.

Европските гиганти најавуваат свој проект и формирање на Суперлига на Европа, каде што би учествувале само најголемите клубови на Стариот Континент и би била од затворен тип со постојано учество на истите екипи. И тој проект би требало да стартува во сезоната 2023/24.

- Оглас -

Најнови вести