УЕФА се огласи откако рускиот судија одби да клекне пред мечот Манчестер сити – Борусија М.

Руските судии предводени од Сергеј Карасев кој беше главен арбитар на дуелот помеѓу Манчестер сити и Борусија Менхенгладбах, не клекнаа пред почетокот на натпреварот од Лигата на шампионите во знак на солидарност кон движењето „Black Lives Matter“ кое се бори против расизмот и насилството врз црните луѓе, и тоа беше доволно да бидат нападнати по социјалните мрежи дека се расисти.

Особено во Велика Британија се развија многу дискусии околу потегот на Карасев и неговите асистенти Демешко и Гаврилин.

Денеска дојде реакција и од европската Куќа на фудбалот, УЕФА, од каде потврдија дека нема да има никаква казна за судиите, бидејќи клекнувањето како симбол на борбата против расизмот не е задолжително, туку по индивидуален избор и желба.

Неодамна фудбалерот Вилфред Заха стана првиот премиерлигашки фудбалер кој не сакаше да клекне, бидејќи како што објасни, клекнувањето го загубило смисолот и не придонесува за намалување на расизмот.

- Оглас -

Најнови вести