31.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

УЕФА со очекувана казна за Пјаниќ за црвениот картон со Грција

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, го казни Миралем Пјаниќ со два натпревари неиграње, поради директниот црвен картон добиен на мечот БиХ-Грција од квалификациите за ЕП 2020.

Плејмејкерот на Јувентус беше исклучен брзо по голот со кој нашите јужни соседи намалија на 1-2, а потоа со играч повеќе, Грците дојдоа и до 2-2. Суспензијата од два меча значи дека Пјаниќ нема да им помогне на своите сонародници на тешките дуели со Финска и Италија на гости.

Селекторот Роберт Просинечки ќе мора да наоѓа алтернативи, но не е лесно да се најде соодветна замена за човекот кој го држи целиот среден ред на „змејовите“, а беше и стрелец на гол против Грците.

- Оглас -

Најнови вести