УЕФА зготви кисела чорба, најмногу се изгореа Реал Мадрид и Интер (Фото)

УЕФА направи скандалозна грешка при ждрепката за осминафиналните парови во Лигата на шампионите, па имаше повторување, во кое најлошо минаа Реал Мадрид и Интер, а најмногу среќа имаше актуелниот европски првак Челзи.

Реал Мадрид на првата ждрепка ја доби Бенфика за ривал, а во повтореното и веќе важечко извлекување на Кралскиот клуб му падна Пари Сен Жермен.

Парижани во првото извлекување го добија Манчестер јунајтед, но поради катастрофална грешка на УЕФА при церемонијата, пропадна можноста да гледаме мегадуели на Роналдо и Меси.

Интер во првиот обид го доби Ајакс, а потоа повторената ждрепка одлучи да игра со Ливерпул во осминафиналето, што секако е потежок ждреб.

Интересно е што Челзи во двата обиди на УЕФА го доби Лил за ривал во нокаут-фазата и на чудесен начин го избегна Баерн Минхен.

Официјално по повторената ждрепка парови за осминафиналето се: 

ПСЖ – Реал Мадрид

Интер – Ливерпул

Челзи – Лил

Вилјареал – Јувентус

Атлетико Мадрид – Манчестер јунајтед

Бенфика – Ајакс

Спортинг – Манчестер сити

Салцбург – Баерн Минхен

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести