Претседателот на САД, Доналд Трамп, го објави датумот на долго очекуваниот УФЦ спектакл кој ќе се одржи во Белата куќа. Овој уникатен боречки настан ќе биде на 14 јуни 2026 година, кога претседателот Трамп ќе наполни 80 години, пренесува Ројтерс.
Овој настан е замислен да биде како дел од големата прослава за 250-годишнината од независноста на САД, а лично Трамп е вклучен во организацијата.
Тој нагласи дека има намера да собере полна сала, или 20 до 25 илјади луѓе, на Јужниот тревник на Белата куќа. Шефот на УФЦ, Дан Вајт, оваа недела откри дека УФЦ ќе потроши околу 600.000 евра за реновирање на просторот по настанот.
Иако сè уште не се договорени борби, долго време се шпекулираше за имињата што би учествувале. Прво, станува збор за двете најголеми MMA ѕвезди денес, Џон Џонс и Конор Мекрегор. Се споменува и шампионот во полутешка категорија Алекс Переира, како и шампионот во лесна категорија Илија Топурија.