Украина е во нокаут против Англија како Кличко кога загуби од Џошуа

Англија даде два гола во првите пет минути од второто полувреме, и води веќе со 3-0 против Украина, со што ги реши дилемите кој ќе биде противник на Данска во полуфиналето. Тоа полуфинале ќе се игра на „Вембли“ во Лондон, Англичаните ќе играат дома, и со право сонуваат финале и прва европска титула.

Хари Мегваер погоди за 2-0, а потоа и Хари Кејн по вторпат на мечот во Рим се запиша во листата на стрелци. Кејн се изедначи со Алан Ширер по број на голови (9) за Англија на СП и ЕП. Пред нив е само Гери Линекер со 10 (сите на СП).

- Оглас -

Најнови вести