25.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Украина ќе мора да го смени дресот

Унијата на европските фудбалски асоцијации ѝ нареди на Украина да го тргне политичкиот натпис кој беше поставен на дресот со кој репрезентацијата треба да игра на Европското првенство. Од УЕФА оценија дека слоганот „Слава Украина“ и „Слава на хероите“, како и мапата на Украина со Крим се политички и мора да бидат сменети.

„Дресовите со тие слогани ќе бидат отстранети од мечеви кои се во организација на УЕФА“, пренесуваат руските медиуми. Од ФИФА останаа неутрални околу ова прашање, оставајќи УЕФА сама да реши за натпреварувања на кои таа е главна.

 

- Оглас -

Најнови вести