Мечувалката Олга Харлан го освои првиот медал за Украина на Олимписките игри во Париз, тоа е нејзин петти олимписки медал, а не заборави да се сети на своите колеги кои беа убиени во воениот конфликт во нивната земја.
„Овој медал им го посветувам на сите мои колеги кои не можеа да бидат тука, бидејќи беа убиени од Русите. Јас сум Украинка и секогаш ќе имам сила. Продолжуваме да се бориме“, рече Харлан по освојувањето на бронзениот медал.
Украинската натпреварувачка за малку немаше ни да се најде на Олимписките игри, бидејќи беше дисквалификувана на СП – токму поради Русија! Поточно Олга одби да се ракува со противничката од Русија, па си го доведе во прашање пласманот во Париз! Сепак, со помош од претседателот на ИОК, Томас Бах, кој е поранешен мечувалец, Олга успеа да стигне до Олимписките игри.
Според украинските власти, вкупно 487 украински спортисти загинаа како резултат на руската инвазија, меѓу кои и бројни поранешни олимпијци и идни олимписки надежи.