Украинката не се поздрави со најдобрата тенисерка во светот, а потоа доби „вредна лекција“ (Видео)

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, уште еднаш покажа дека спортот и политиката не треба да одат заедно. Белоруската тенисерка уште многу одамна апелираше за мир и стопирање на војната меѓу Русија и Украина, во која со логистичка помош е вклучена и Белорусија.

Иако Сабаленка јавно потенцираше дека не ја поддржува војната, таа често е во немилост на противничките тенисерки од Украина, кои не сакаат да ѝ подадат рака и да се поздрават пред и по мечот.

Така беше и вчера, на дуелот во осминафиналето од ВТА-турнирот во Рим, кога Сабаленка со 2:0 во сетови (6:1, 7:6) ја победи Марта Костјук од Украина. По мечот, Украинката воопшто не ни помисли да ѝ подаде рака на Сабаленка. Неколку секунди подоцна следуваше одговор на Белорусинката и лекција за Костјук.

Кога Украинката тргна да си оди од теренот кон соблекувалната, Сабаленка почна да аплаудира, покажувајќи ѝ на публиката дека треба да ѝ се даде поддршка на тенисерката којашто загуби.

- Оглас -

Најнови вести