Украинската репрезентација е трагичарот од најневеројатната група во историјата на ЕП. Во групата каде сите четири селекции завршија со по четири бода, Украина е последна и нема да игра во нокаут фазата.
Селекциите на Романија, Белгија и Словачка се радуваат, додека Украинците се бесни поради една одлука на дуелот меѓу Словачка и Романија. Словаците водеа со 1:0 кога во 37 минута беше досуден пенал за Романија. Судијата прво покажа дека е фаул надвор од шеснаесетникот, но потоа по консултации беше донесена одлука дека е пенал за Романија.
Разван Марин погоди од белата точка и израмни на 1:1, што подоцна се покажа и како конечен резултат, што не одговараше за Украина. На сицијалите мрежи веднаш започнаа лавина од негативни коментари:
„Пеналот што го доби Романија е скандалозен. Ханчко направи фаул, но тоа беше надвор од шеснаесетникот. Необјасливо е како ВАР ја поништи таа одлука и досуди пенал. Ова е црна точка за фудбалот“. „Како може ова да биде пенал? Првиот контакт очигледно е надвор од шеснаесетникот. Ова е ужасна одлука.“, „Дали сте слепи? Словачка и Украина се украдени. Не е пенал, беше надвор од шеснаесетникот“, беа дел од коментарите на незадоволните фанови.
Спорниот пенал може да го видите ТУКА.