8.8 C
Skopje
петок, 12 декември 2025

Украинците изненадија со изборот на стадион-домаќин за баражите за СП 2026

Украинската фудбалска асоцијација објави дека репрезентацијата ќе ги игра своите натпревари од плејофот за квалификациите за Светското првенство во 2026 година во Шпанија, поточно на стадионот на Леванте во Валенсија.

Прво имаат полуфинален натпревар против Шведска, а потоа во евентуалното финале  Украина пак на истото место, на стадионот со капацитет од 26.354 седишта, ќе игра со Полска или Албанија.

Украинците досега обично играа како домаќини во Полска, но овојпат се одлучија за Шпанија, веројатно затоа што Полска им е можен ривал и нема логика да бидат домаќини против Полјаците некаде во таа земја.

Плејоф-натпреварите ќе се играат на 26 и на 31 март 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести