Репрезентацијата на Украина стигна до првата победа на ЕВРО 2024 и значително ги зголеми шансите за пласман во осминафиналето. По поразот од Романците, селекцијата на Сергеј Ребров имаше лош почеток и на денешниот меч против Словачка, но на крајот успеа да направи пресврт и да слави со 2-1.
Иван Шранц со својот втор гол на шампионатот ја доведе Словачка во предност од 1-0 во 17.минута.
Украина го пронајде одговорот во второто полувреме. Микола Шапаренко во 54.минута успеа да го израмни резултатот, а Роман Јаремчук се погрижи за целосен пресврт со погодокот во 80.минута од мечот.