30.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Украинците одбија да се ракуваат со играчите на Партизан, а публиката викаше „Убиј го Србинот“

Фудбалерите на украинската Олександрија одбија да се ракуваат со играчите на Партизан пред почетокот на дуелот од второто квалификациско коло од Конференциската лига.

Украинците на теренот излегоа со знамињата на нивната земја, а додека играчите на Партизан минуваа покрај нив, не им подадоа рака, туку само стиснати тупаници.

На овој натпревар, кој се играше во полскиот град Катовице, Партизан победи со 2-0, а непријателскиот однос на Украинците кон Србите беше и очекуван донекаде.  Тренерот на Олександрија, Кирил Нестеренко, го критикуваше Партизан за учеството на турнирот во Русија, што за нив е чин на непријателство кон клубот.

Мала група навивачи на Олександрија во средината на првото полувреме скандираа „Убиј го Србинот“, па и тоа ја вжешти атмосферата. Инаку според договорот, ниту денеска има фанови на Партизан, ниту ќе има Украинци на реваншот во Белград.

- Оглас -

Најнови вести