Украинците пречекани како шампиони во Киев (видео)

Украинската фудбалска репрезентација на чело со селекторот Андриј Шевченко беше пречекана во Киев во голем стил по настапот на Европското првенство.

Украинците остварија најдобар пласман во нивната историја во четвртфиналето на ЕП, каде што претрпеа тежок пораз од Англија со 0-4. И покрај тоа, тие беа пречекани на киевскиот аеродром како шампиони.

Токму победата над Македонија во второто коло со 2-1 од групите им беше доволна за избраниците на Шевченко да стигнат до нокаут-фазата, односно да се најдат во топ 5 репрезентациите на ова ЕП, што навистина е голем успех.

- Оглас -

Најнови вести