Улсан е нов шампион на Азија, титулата им ја донесе Бразилец (Фото)

Корејскиот тим Улсан Хјундаи е освојувач на титулата во азиската Лига на шампиони во фудбал. Титулата на Улсан му ја донесе Жуниор Неграо кој во финалето против Персеполис од Иран, ги даде два гола во победат од 2-1, по еден од игра и од пенал.

Финалето се играше во Доха во Катар, а со титулата на Улсан, Јужна Кореја се зацврсти на прво место со 12 титули на нејзините клубови во ова натпреварување, а Јапонија е втора со седум.

Улсан беше азиски првак и во 2012 година, ова им е втота титула.

- Оглас -

Најнови вести