Ултиматум за Анчелоти, мора јавно да се огласи околу новата работа

Фудбалската федерација на Бразил му даде ултиматум на актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, да се изјасни дали ќе седне на клупата на Кариоките.

Рокот кој првиот човек на бразилскиот фудбал, Едналдо Родригес, му го постави на Анчелоти е 31 декември, во спротивно ќе почне да бара ново решение за клупата на бразилската репрезентација.

Договорот на Анчелоти со Реал Мадрид истекува на крајот од сезоната, а Родригес пред неколку месеци објави дека неговото преземање на бразилската репрезентација е завршена работа. Но, од блиското опкружување на Анчелоти, тие најави беа демантирани, поради што сè уште е нејасно дали има договор или не.

Од друга страна, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, е тивок околу можноста да му понуди нов договор на Анчелоти, а шпанските медиуми пишуваат дека такво нешто сигурно би се случило доколку Кралевите триумфираат во Лигата на шампионите и во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести