20.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Уметност е да се постигне ваков автогол (Видео)

За дуелот од јапонското првенство меѓу Шонан Белмаре и Јокохама се слушна многу подалеку од Јапонија и тоа благодарение на автоголот кој беше постигнат. Гостите поведоа по само 60 секунди, а потоа домаќините поведоа со 2:1.

Посебно за памтење е голот со кој домаќините поведоа со 2:1, кој всушност беше автогол. Гостинскиот играч Вада ја имаше топката покрај аут линијата, но наместо да проигра до најблискиот соиграч, реши да шутира кон сопствениот гол, а таму го немаше голманот, па топката заврши во мрежата.

За среќа на гостите, постигнаа погодок во 83 минута и израмнија на 2:2, па на крајот освоија и еден бод од оваа средба.

https://twitter.com/i/status/1629070368492359680

- Оглас -

Најнови вести