Умтити има коронавирус, познати стартерите за Барса – Баерн

Централниот дефанзивец на Барселона, Самуел Умтити, имал позитивен тест за коронавирус на неколку часа пред четвртфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Но, ова нема да направи проблем околу одигрување на дербито во Лисабон, бидејќи Французинот не отпатува во Португалија, бидејќи е повреден. Од Барса потврдија дека Умтити нема симптоми, се чувствува добро и изолиран е дома.

Во 21 часот почнува спектаклот, а тренерите Ханси Флик и Кике Сетјен ги овјавија своите стартери. Кај Барселона ќе го нема Антоан Гриезман, кој ќе чека шанса од клупата за резерви, откако беше стартер против Наполи.

Баварците тргнуваат со: Нојер, Кимих, Боатенг, Алаба, Дејвис, Горецка, Тијаго, Гнабри, Милер, Перишиќ и Левандовски.

Почетните 11 за Барса се: Тер Штеген, Семедо, Пике, Ленгле, Алба, Бускетс, Де Јонг, Серџи Роберто, Видал, Меси, Суарес.

- Оглас -

Најнови вести