Умтити: Во Каталонија четири години бев во затвор, а во Лече ме почитуваат

Францускиот дефанзивец Самуел Умтити, кој е член на италијанскиот Лече, каде што дојде од Барселона, вели дека на „Виа дел маре“ се чувствува сакан и почитуван, нешто што го немал во Барса.

„Ми требаше да бидам почитуван, да се чувствувам корисен и сакан. Во Каталонија четири години бев во затвор, не само на спортски план, туку и во секојдневниот живот. На почетокот по преселбата од Шпанија се почувствував ценет, играв добро, но подоцна сфатив дека никој не верува во мене и тоа беше лошо чувство“, вели Умтити.

Лече е многу помал клуб од Барселона, но на Умтити му бил предизвик.

„Лече ми беше предизвик, а и се чувствувам почитуван. Не се борам за титули, но ми се врати насмевката и благодарен сум му на клубот. Во моментов фокусиран сум на опстанокот, не размислувам за иднината. Неодамна мојот пријател Лаказет дојде во Лече да ме гледа. Би сакал пред да се пензионирам, да играм во ист тим со него.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести