Астон вила игра одличен фудбал, ја доведе до ниво да се бори за највисок пласман во Премиер лигата, а тоа не остана незабележано и кај раководството на Реал Мадрид. Според информациите од Шпанија, Унаи Емери, актуелниот менаџер на Астон вила, е најсериозниот кандидат за нов тренер на Реал од следната сезона.
Првичните контакти со неговите агенти се веќе направени и Емери потенцирал дека е подготвен да се нафати на предизвикот.
Алваро Арбелоа има договор до крајот на сезоната, а доколку сака да остане на тренерската позиција на сениорскиот тим ќе треба да освои најмалку еден голем трофеј, во Ла Лига или во Лигата на шампионите.
Во спротивно, на клупата сигурно ќе седне нов стратег, а според најновите информации, најсериозен кандидат е Унаи Емери.

