Унаи Емери му се придружи на Жозе Мурињо само како втор од активните тренери кои успеале да го победат Баерн Минхен со три различни екипи. Астон вила синоќа го победи Баерн со 1-0, а претходно Емери го победуваше и со ПСЖ и со Виљареал.
Поразот на Баварците на „Вила парк“ е само прв во групната фаза од Лигата на шампионите по 2017, кога беа поразени од ПСЖ, кој од клупата беше предводен токму од Унаи Емери.
„Кога ќе одиграте вака добар натпревар, тогаш и поразот полесно се прифаќа“, задоволно рече тренерот на Астон вила по натпреварот.