Унаи Емери: „Очекувавме ваков резултат, но на „Вила парк“ нема да биде исто“

Астон вила имаше водство од 0-1, беше блиску и до пораз од 2-1, па на реваншот ќе им беше потребна каква било победа, но на крајот загуби со 3-1 од ПСЖ, па сега ќе има и повеќе од тешка задача да дојде до полуфиналето од Лигата на шампионите. Сепак, тренерот на екипата, Унаи Емери, е задоволен од резултатот и најавува дека на „Вила парк“ нема да биде како во Париз.

„Повеќе или помалку, очекував ваков резултат, 1-2 или 1-3. Следната недела ќе играме дома и тоа ќе биде голем предизвик за нас, но ќе бидеме посилни со поддршката на нашите навивачи на Вила парк. Мораше да бидеме подисциплинирани во одбраната. Дури и кога губевме имавме три добри шанси. Овој резултат повеќе или помалку ја одразува нашата моментална состојба. Мора да прифатиме дека примивме и трет гол. Сепак, нашиот став не се менува, мора да победиме со повеќе од еден гол разлика на реваншот. Во првото полувреме имавме три или четири шанси, моравме да бидеме попрецизни. Сигурен сум дека фудбалерите ќе го дадат својот максимум следната недела на ‘Вила парк’ и ќе ги израдуваме нашите навивачи“, рече тренерот на Астон вила, Унаи Емери, по поразот од ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести