Данска е последната пречка за одбојкарско злато на Македонија во Сребрената лига

Македонија ќе игра со Данска во финалето на Сребрената Европска Лига, утре во Струмица, а влогот ќе биде и шампионската круна и промоција во најсилната одбојкарска лига на Стариот континент.

Данците вечерва во второто полуфинале ја победија Унгарија со 3:1 во сетови, а претходно Македонија по голема битка во пет сета славеше против Хрватска со 3:2.

Унгарија поведе со 1:0 на разлика во првиот сет што го доби со 26:24, а потоа се случи комплетен пресврт и голема победа на Данците.

Ја најавија со 25:17 во вториот сет и потоа со уште поубедлив резултат од 25:11 за предност од 2:1 во сетови.

Највозбудлив беше последниот сет, а Унгарците промашија две сет топки при резултат од 24:22 и Данците слават победа и финале против Македонија, утре од 20 часот во Струмица.

Данците ни беа ривали во првата фаза и имаме една победа на гости од 3:0 и идентичен пораз во Скопје. Вкупниот биланс е убедливо на наша страна со 7-2 во победи.

- Оглас -

Најнови вести