Спартанците се моќни кога е најтешко – Македонија ја победи Хрватска со 3:2, ќе игра финале во Сребрената лига

Македонија во драматичен меч ја победи Хрватска со 3:2 во првото полуфинале во Сребрената Европска лига и утре ќе игра меч за пласман во најсилниот ранг на натпревари на Стариот континент.

Губевме со 0:1 во сетови, па направивме пресврт за 2:1, но и Хрватите покажаа извонреден квалитет и израмнија на 2:2, па се играше тај-брејк, односно скратен сет до 15 поени.

Возбудувањата кулминираа во решавачкиот сет, кога Хрватите поведоа со 6:3 и имаа контра за четири поени разлика. оттука почна фуриозната игра на нашите одбојкарска Спартанци, кои направија серија од 7:1 и поведоа со 10:7.

Потоа се играше поен за поен, Македонија водеше со два разлика, Хрватите се враќаа на минус еден, а еден од клучните моменти беше блокот на Александар Љафтов за 12:10.

Во услови кога се игра скратен сет до 15 поени, Македонија умешно ја чуваше предноста и успеа да победи со 3:2, добивајќи го последниот сет со 15:12.

Утре во финалето ќе играме со победникот од второто полуфинале меѓу Унгарија и Данска, а нова победа во Струмица не води во елитниот ранг во најсилната европска лига.

- Оглас -

Најнови вести