0.8 C
Skopje
понеделник, 2 февруари 2026

Унгарија ја доби драмата против Србија и ќе игра во финалето на Светското првенство

Ватерполо репрезентацијата на Унгарија обезбеди место во финалето на Светското првенство откако со 19:18 славеше над Србија во полуфиналната пресметка. Триумфот на Унгарија е сосема заслужен ако се знае дека доминираа и го контролираа резултатот во најголем дел од мечот. Сепак, на крајот беше драматично.

Во првата четвртина Унгарија водеше со 5:2, а потоа и со 6:3. Србија се врати во втората четвртина, кога негативата од 5:7 ја претворија во водство од 8:7. Тоа беше прво и последно водство на Србија. На полувреме резултатот беше 8:8.

На почетокот на третата четвртина беше 10:10, а потоа следуваше фуриозна игра на Унгарците и на крајот од третата четвртина имаа предност од 16:12. И покрај убедливото водство од четири гола во пресрет на последната четвртина, сепак имаше драма во финишот. Србите намалија на 17:18, но во клучниот напад Унгарија даде гол за 19:17 и ги сруши сите надежи на противникот да направи чудо.

Во финалето Унгарија ќе игра против Шпанија, која во неверојатно драматичен меч, дури по подобро изведување на пеналите ја победи Грција.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести