Репрезентацијата на Унгарија славеше над Австрија со 29:26 во последниот меч од претпоследното коло во групната фаза на Светското ракометно првенство во Вараждин.
Австрија добро играше посебно во првото полувреме кое го заврши и со предност од 13:12, а потоа и поведоа со 14:12 на почетокот на второто полувреме. Потоа следуваше низа од 3:0 за унгарија за 15:14. Од тој момент па до крајот, Унгарија не им дозволи на противниците да се понадеваат на успех.
Како се доближуваше крајот на мечот, Унгарија играше се подобро и поведе со 25:21 и потоа без проблеми го задржа водството.
Со оваа победа Унгарија стигна до 5 бодови и сега е на второто место на табелата, зад перфектната Германија која има осум бодови. Со по четири бодови се Македонија и Холандија, а Катар е без бодови.
Во последното коло Унгарија ќе игра против Катар, Македонија ќе се соочи со Франција, а Холандија за противник ќе ги има Австријците.